Американската компанија Boston Dynamics вчера објави видео во кое нејзиниот најпознат прототип, роботот Atlas, изведува досега невидени акробации.
Ако ве полазат морници додека го гледате видеото, знајте дека не сте единствени. Во одредени маневри од точката, роботот Atlas го користи целото тело за да изведе некои движења, нешто што досега сме навикнале да го гледаме само кај човечкото тело.
„Ги создадовме овие движења користејќи оптимизиран алгоритам кој ги претвора комплексните описи на динамични маневри во движења. Успешноста на глаткото движење на Atlas сега изнесува 80%“, велат од Boston Dynamics.
Роботот Atlas беше создаден во 2013 година и е замислен како хуманоидна машина што ќе може да изврши потрага и спасување на луѓе во тешко пристапен терен при несреќни случаи.
Извор: Klix.ba