Светските лидери се здружија со технолошки компании, меѓу кои и Фејсбук, ЈуТјуб и Гугл, со цел да формираат организација за борба против „терористичката и екстремистичката содржина преку Интернет“, објави премиерката на Нов Зеланд, Јасинда Ардерн.
– Новиот самостоен глобален форум за борба против тероризам на Интернет (ГИФКТ) ќе спречи терористичко и насилно екстремистичко користење на социјалните мрежи, објасни Ардерн во ОН во Њујорк.
Ардерн ги повика интернет компаниите да преземат акција по нападот во џамиите во Нов Зеланд оваа пролет, бидејќи напаѓачот го пренесуваше својот крвав напад во живо преку Интернет. Бројот на држави што ја поддржуваат иницијативата се зголеми на 48 земји и три меѓународни организации, се вели во соопштението.