Главниот извршен директор на компанијата Tesla, Елон Маск, на Twitter објави дека компанијата наскоро ќе ги пласира своите автомобили на пазарите во Србија, Словачка и Хрватска.

„Се надеваме на отворање во Словачка, Хрватска, Србија и голем дел од источна Европа на почетокот на следната година. Конечно, ќе го направиме Никола Тесла горд што има свои автомобили во земјите од каде има потекло“, напиша Маск на својот профил на „Твитер“, а пренесе IBT.

Маск на овој начин му оддава почит на Никола Тесла, научниот генијалец според кој е именуван американскиот производител на електрични автомобили.

Маск тврди дека продавниците на Tesla на овие пазари ќе бидат најдобар омаж за овој изумител, инженер и футуристист, кој дал голем придонес во креирањето на модерниот систем за напојување со наизменична електрична енергија.