Податоците за нарачките за новите паметни телефони од серијата iPhone 11 укажуваат дека корисниците претежно ги избираат Pro моделите.
Според информациите од Тајван, 70 проценти од преднарачаните уреди се iPhone 11 Pro и iPhone 11 Pro Max, додека преостанатите 30 отсто се од основниот iPhone 11, со претпочитани опции за складирање на фајлови од 256 GB.
Неодамна, аналитичарот Минг-Чи Куо рече дека во САД, поголемиот дел од потрошувачите кои го враќаат својот стар уред избираат Pro модели, каде што односот е 55:45 за iPhone 11 Pro / Max наспроти iPhone 11.
Во Кина има обратен тренд – попосакуван е iPhone 11. Минатата година 45 проценти од преднарачките беа за поскапите модели на iPhone XS, а 55 отсто за iPhone XR, кој тогаш стана најпопуларен модел на паметниот телефон на Apple.