Оваа креативна идеја е направена со цел да се избегнат казни за пребрзо возење.
Во Русија сѐ e можно. Доколку сакате да ги измамите сообраќајните полицајци ова е можеби најдобриот метод и никако не е препорачлив.
За жал, оваа креативна идеја е направена само за да се избегнат казни, но со тоа се избегнуваат мерките за безбедност во сообраќајот.
Можеби изгледа генијално, можеби функционира, но со ова може да се дојде до несакани ефекти.
Полицијата на радар улови возач со брзина од 696 километри на час. На белгиски државјанин на домашна адреса му стигнала неверојатна казна.
Тамошната полиција го товари дека со своето возило „опел астра“ буквално го „прелетал“ поставениот полициски радар со неверојатна брзина од 696 km/h! Toa e најголемата брзина некогаш измерена со полициски радар.
Инаку, во Белгија се толерира брзина која е од шест отсто повисока од ограничената, но оваа од 654,24 km/h e вртоглаво повисока на таа делница.
Возачот поднел жалба во која навел дека се работи за систематска грешка, затоа што неговата „астра“ не може да развие брзина поголема од 180 km/h.