Ѕвездата кога последниве години крена многу прашина во јавноста поради хипотезата дека станува збор за вонземска мегаградба, по сѐ изгледа не е единствена. Новото истражување пронајде 21 ѕвезда со слични пулсирачки елементи.
Со Кеплеровиот телескоп на НАСА астрономот Табита Бојаџијан откри инстанци од ѕвездата KIC 8462852 нешто потопли и поголеми од нашето Сонце со затемнување до 22 отсто, лоцирани на далечина од околу 1480 светлосни години во соѕвездието Лебед.
Недостатокот од задоволувачко објаснување за тоа зошто на ѕвездата ѝ се намалува светлината го натера астрономот и истражувач Едвард Шмит да тргне во потрага по други слични ѕвезди чие што однесување би можело побрзо да се анализира и потоа попрецизно да се утврди причината.
Флуктуациите беа неправилни, но истовремено премногу значајни за да можат да се објаснат со планети или вселенска прашина кои минуваат пред ѕвездата. Тоа ги подгреа шпекулациите дека можеби овој феномен е предизвикан од делови на таканеречената Дајсон сфера, меграградба за користење на енергијата на ѕвездата изградена од страна на некоја високо-развиена вонземска цивилизација.
Пребарувајќи низ базата од околу 14 милиони објекти ширум Северното небо, Шмит пронајде 21 ѕвезда од кои 15 налик на веќе познатата, а 6 со покстремна изразеност на феноменот. Истражувањето на оние нови вакви ѕвезди треба да придонесе кон конечно решавање на мистеријата.