Компанијата OnePlus официјално ќе ги претстави OnePlus 7T и 7T Pro моделите на 26. септември, а официјално лице на компанијата објави официјални фотографии на стандардната верзија на уредот.
Извршниот директор на компанијата One Plus, Пит Лау го прикажа дизајнот на телефонот во рамките на објава на форумот, а покажува кружен модул на задната страна во која се сместени три камери.
“Со перфектна симетрија од било која ориентација, кружниот дизајн на камерата беше природно решение”, истакна Лау. “Заоблените рабови на кругот пружаат совршен контраст во однос на правите линии на правоаголната линија на телефонот, а сето тоа заедно формира едноделен, балансиран изглед. По испробување на преку 50 дизајни, се одлучивме за нешто прилично специјално”.
Стаклената задна страна има матиран завршеток, како што тоа беше случај кај OnePlus 7 Pro и неколку OnePlus 6 модели. Бојата за која компанијата се одлучи за овој телефон е Haze Blue.
Повеќе детали за OnePlus 7T телефонот ќе дознаеме идната недела, а гласините сугерираат дека не очекува Snapdragon 855+ процесор, 16MP ултра ширикоаголна камера на задната страна, како и некои дополнителни опции за камерата (макро мод.)
Поврзани артикли