Ирански и германски истражувачи го откриле најголемото во свет подземно живеалиште на слепи риби и тоа во – Иран.
Двајца ирански истражувачи, во соработка со двајца истакнати германски колеги, го пронајдоа новото живеалиште на слепи риби по две години истражување.
Тие, исто така, докажаа постоење на масивен подземен гребен под планините Загрос на запад.
Агенцијата „Мехр“ известува дека тоа е најголемото познато подземно живеалиште во светот, со минимална должина од 31 километар и максимум 162 километри.
Исто така, тоа е прво живеалиште за три вида слепи риба, а слично живеалиште досега е откриено само во Кина.
До денес, во Иран се идентификувани четири видови на слепи пештерски риби, кои се единствени и не постојат на ниедно друго место во светот.