HTC откри дека новите очила за виртуелна реалност Vive Cosmos ќе бидат пуштени во продажба во Европа од 3 октомври по цена од 799 евра. Пред-нарачките веќе се активни, а оние кои ќе нарачаат до 2 октомври ќе добијат и едногодиш претплата на услугата Viveport Infinity, која инаку чини 119 евра. Таа овозможува неограничен пристап до VR содржина, така што ќе им ги обезбеди на сопствениците на очила потребните игри за виртуелна реалност и други искуства.
Vive Cosmos е наследник на првите очила на Vive и повторно е потребен компјутер за да работат, но вклучува и голем број додатоци. Додаден е нов систем за следење на позицијата со 6 камери, што побрзо се прилагодува. Очилата нудат комбинирана резолуција од 2880 x 1700 пиксели, што е за 88% повеќе од оригиналниот Vive за порамномерна слика. Нови LCD панели се користат за намалување на растојанието во пикселите, а распоредот на RGB исто така го намалува т.н. „screen-door“ ефект.