По успешното градење заедници во Сараево, Белград и Нови Сад, Symphony ја носи својата уникатна култура во Скопје. Symphony е меѓународна компанија за софтверско инженерство која се раководи со мислата дека заедницата го поттикнува развојот на иновациите. Со поддршка од силни деловни канцеларии во Сан Франциско, Амстердам и Берлин, Symphony има за цел да донесе дел од најпредизвикувачките проекти за локалните ИТ заедници.
„Во овој момент петнаесеттина лица работат во Symphony – Скопје. Тие се талентирани и амбициозни, и колку што тие учат од Symphony и ние учиме од нив. Најдоброто е што тие веќе работат на свои проекти и подеднакво учествуваат во правењето промени со остатокот од тимот на Symphony. Горди сме на фактот дека предизвикавме интерес во Скопје и се надеваме дека ќе го прошириме нашиот тим во блиска иднина”, вели Игор Николовски, кој раководи со канцеларијата на Symphony во Скопје.
Symphony ја негува културата посветена на вработување на најдобрите инженери за заедничко постигнување на врвни резултати. За да успеат во оваа мисија, тие се фокусирани во обезбедување на средина која ги зголемува перформансите и продуктивноста на луѓето на највисоко ниво и служи како центар за соработка што ќе овозможи слободно создавање идеи и решавање на проблеми од сите нивоа.
Во Symphony – Скопје, ИТ инженерите ќе имаат можност да работат во развоен центар изработен според нивните потреби, со свој личен готвач кој ќе биде одговорен за подготовка на свежи и здрави оброци секој ден, соба за релаксација, соба за рекреација и голема тераса со воодушевувачки поглед на градот Скопје.
Symphony – Скопје е во потрага по млади умови кои се подготвени да направат промена заедно со својот тим, затоа, отворете ја нивната веб-страница www.symphony.is и искористете ја можноста да се приклучите на најкул заедницата во Скопје.
Поврзани артикли