Нов производ на Volvo Cars Macedonia

По отворањето на новиот салон на Volvo Cars во Скопје, компанијата Премиум АГС деновиве претстави нов производ за сите потенцијални клиенти кој може да им помогне во намерата да станат нови сопственици на Volvo. Volvo Car Финансирање е услуга која брендот ја нуди на светско ниво и се одликува со одлични услови, фиксна каматна стапка и рок на отплата според желбите на купувачот. Кај нас, Volvo Cars Macedonia нуди финансирање со фиксна каматна стапка од 4,5% (најдобра на пазарот) и рок на отплата до 7 години (84 месечни рати).

Намерата на Volvo е финансирањето да биде лично и прилагодено според желбите на клиентот, па така заинтересираните добиваат персонализиран предлог според нивните потреби и тоа директно од тимот за продажба, во рок од 24 часа. Намерата на Volvo е финансирањето да биде практично и достапно и токму затоа, клиентот има обврска да контактира единствено со тимот за продажба, кој понатаму го води, реализира и го помага целиот процес.

Услугата Volvo Car Финансирање е создадена во соработка со S-Leasing (Sparkasse Bank), а со воведувањето имате можност да влезете во светот на Volvo со месечна рата веќе од 384 Евра (за моделот XC40). За сите информации, можете да се информирате на следниот линк: Volvo Car Финансирање.