Како функционира безжичното полнење за Xiaomi Mi 9 Pro 5G (ВИДЕО)

Откриени се неколку функции на претстојниот Xiaomi Mi 9 Pro 5G телефон, а се однесуваат на батеријата и полнењето на самртфонот. Mi 9 Pro 5G ќе има 4000mAh батерија, 40W опција за полнење преку кабел, 30W безжично полнење и 10W реверзибилно безжично полнење.

Видео од реверзибилното безжично полнење осамна на страниците на Weibo, а потоа е префрлено на YouTube, а кое го покажува Mi 9 Pro 5G, кој ги полни AirPods слушалките на Apple.

Доколку се погледне повнимателно, видлив е текст под камерите кој вели: “XIAOMI 5G 48MP TRIPLE CAMERA”.

Резервациите за Xiaomi Mi 9 Pro 5G веќе почнаа, а телефонот ќе биде претставен на 24. септември во Кина. Во текот на истиот настан се очекува и моделот Mi Mix 4.