Електричните автомобили ќе бидат скапи барем уште 3-5 години

Jaguar Land Rover е една од компаниите која минатата година го фати приклучокот со актуелните трендови во автомобилската индустрија, кога го претстави својот прв автомобил на електричен погон.

Иако I-Pace од своето лансирање бележи падови и подеми, овој електричен кросовер сепак сочинува околу 10% од светската продажба на Jaguar.

И покрај солидните резултати кога станува збор за продажбата на овој модел, првиот човек на компанијата Jaguar Land Rover, Ралф Спет, признава дека современите електрични автомобили се премногу скапи за повеќето потенцијални купувачи, нема наскоро да се промени.

Ралф Спет верува дека електричните автомобили со батерии се иднината на автомобилската индустрија и дека во моментов наважната цел е да се подобри инфраструктурата на полначи – затоа што во еден момент постоечките мрежи на станици за полнење на батериите ќе станат недоволни.

Тој исто така верува дека со подобра инфраструктура и повеќе полначи, ќе се намали потребата од батерии со голем капацитет, кои се масивни и скапи.

„Цената на еден електричен автомобил е превисока затоа што ни се потребни големи батерии за голема автономија. Затоа во електричните возила се вградуваат батерии со поголем капацитет од потребното. Ако тоа се промени и вградуваме помали батерии кои побрзо и полесно се надополнуваат, трошоците за производство на електричните автомобили ќе се намалат, а со тоа и нивната малопродажна цена“, вели Спет.

Првиот човек на Jaguar предвидува дека сегашните, релативно високи цени на електричните автомобили ќе се задржат и во блиска иднина – во следните 3-5 години.

Извор: Додај Гас