Доколку не се стори ништо за да се ограничат емисиите на СО2, според предвидувањата на француските експерти, температурата на планетата би можела да се зголеми многу повеќе од очекуваното.
Според двата француски модели на климатски прогнози, кои мобилизирале стотици истражувачи и инженери, просечната температура на планетата би можела да се зголеми повеќе од очекуваната на крајот од векот. Таа би се зголемила во најдобар случај за 2°C, а во најлош случај од 6,5°C до 7°C, споредено со периодот 1880-1919 година, според моделот развиен во Тулуз од страна на Националниот центар за метеоролошки истражувања и тој изработен во Ил-де-Франција од Институтот „Пјер-Симон Лаплас“. Последниот институт обединува девет лаборатории, вклучително и динамична лабораторија за метеорологија на Универзитетот „Сорбона“ и ЦНРС, и други лаборатории сместени во Политиехничката школа и Комисијата за атомска енергија и алтернативни енергии.
Овие резултати ќе послужат како основа, заедно со оние од околу 30 други модели развиени низ светот, за следниот извештај за процена за климатските промени, кои ќе бидат претставени од Меѓувладиниот панел на експерти за климатските промени, во април 2021 година, во рамките на шестата рунда прогнози.
Ситуацијата е посериозна отколку што се сметаше порано. Во 2014 година најлошото сценарио беше најмногу зголемување на просечната температура од 4,8°C на крајот на векот. За да дојдат до овие резултати, француските истражувачи ги рафинираа своите модели. Особено, тие ја „подобрија физиката на облачноста и конвекцијата во атмосферата“.
Двата француски модели се засноваат на можни сценарија на емисија на гасови со ефект на стаклена градина. Најоптимистичката хипотеза предвидува просечна годишна концентрација на СО2 „на сегашно ниво, околу 405 ppm (делови на милион воздушни молекули), а најпесимистична околу 1000 ppm околу 2100 година“, вели Роланд Сеферијан, истражувач ЦНРМ.
Првото сценарио, скоро идеално, со ограничување на затоплување од 2°C ќе бара глобални и итни напори за намалување на емисијата на гасовите кои предизвикуваат ефект на стаклена градина. Спротивно на тоа, најпесимистинкото сценарио, кое претпоставува дека ништо не се менува и дека ќе се искористат сите сегашни горива, би довело до зголемено затоплување помеѓу 6,5°C и 7°C. И, би имало најразлични сценарија помеѓу овие две крајности.
Истражувачите додадоа и помала претпоставка, наречена „ССП 1,9“, која претходно не постоеше во претходниот извештај. Ова ново сценарио ја илустрира најоптимистичната претпоставка за договорот во Париз, одобрен во декември 2015 година, што очекува зголемување на идеално ограничените на 1,5°C на крајот од векот. Со оглед на инерцијата на климатската машина, „нема да достигнеме 1,5°C, туку 2°C“, предупредуваат Дејвид Салас и Мелија, климатолог во ЦНРМ. Ова многу оптимистичко сценарио се заснова на неутралноста на јаглеродот (емисиите се компензираат со зафаќање на CO2) уште во 2060 година, а потоа и на негативни емисии. Односно, јаглеродниот диоксид би се отстранил од воздухот со одгледување дрвја и со технички средства што допрва треба да се докажат. Под претпоставка дека неутралноста на јаглеродот ќе биде достигната дури во 2080 година, порастот би бил меѓу 2°С и 2,5°С на крајот од векот. Оваа последна хипотеза приближно одговара на она што беше одлучено со Парискиот договор, но ова претпоставува дека климатските енергетски политики ќе се применат доста брзо низ целиот свет.