Во срцето на перуанскиот дел од Амазон постои река која убива сè што паѓа во неа. Лесно е забележлива, затоа што над неа постојано се крева пареа.
Истражувачите велат дека топлината на водата во реката може да достигне температура од над 93 степени целзиусови, а пареата честопати се крева високо над површината. Нема потврда за тоа како се појавил овој феномен, но се претпоставува дека извесна компанија која вршела дупчења во регионор, случајно погодила геотермален систем, испуштајќи гасови од внатрешноста на Земјата во реката.
Според мештаните, реката е место со огромна духовна моќ, а домородците честопати се собираат на бреговите за да пеат песни и да се молат.