Апликации кои тајно повлекуваат пари од вашата сметка

Злонамерниот софтвер во позадина тајно клика на оглас во рамките на апликацијата и се пријавува без ваше знаење на онлајн сервис кој се плаќа.

„Џокер“ опасниот софтвер е наречен по негативецот од серијалот за суперхеројот Бетмен, доега е пронајден кај 24 апликации за Android оперативниот систем на Google кои се до неодамна беа достапни за симнување на Google Play.

Пред Google да ги открие и отстрани, апликациите биле превземени и инсталирани повеќе од 472 илјади пати. Додека не се открие дали има уште заразени апликации, тешко е со сигурност да се процени колку уреди се потенцијално загрозени.

Но, едно е сигурно, ако сте преземале и инсталирале некоја од овие апликации, веднаш избришете ги:

Advocate Wallpaper
Age Face
Altar Message
Antivirus Security – Security Scan
Beach Camera
Board picture editing
Certain Wallpaper
Climate SMS
Collate Face Scanner
Cute Camera
Dazzle Wallpaper
Declare Message
Display Camera
Great VPN
Humour Camera
Ignite Clean
Leaf Face Scanner
Mini Camera
Print Plant scan
Rapid Face Scanner
Reward Clean
Ruddy SMS
Soby Camera
Spark Wallpaper

„Џокерот“ е откритие на експертот за компјутерска безбедност Алексеј Купринс. Целта на софтверот е да им украде пари на жртвите со претплата на разни сервиси кои се плаќаат, симулирајќи постапка која што корисникот би ја направил при пријава.

Во позадина тајно клика на огласот во рамките на апликација и продолжува со пријавата. Дури има и пристап до СМС пораките на жртвата од каде што се копира авторизацискиот код за да се финишира пријавата.

Купринс објави дека потенцијални жртви има во 37 држави, меѓу кои САД, Велика Британија, Австралија и државите на Европската унија и Азија.

Доколку сте превзеле и инсталирале некоја од спорните апликации веднаш проверете ја историјата на трансакции на вашата сметка во банка, пишува Tech Radar.

Извор: Tportal.hr