Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија, согласно Планот за активности за 2019 година во делот на промоција на извоз, а на предлог на бизнис заедницата, оваа година во периодот од 13-17 септември, е организатор на национален штанд на саемот за технологија и медиуми IBC во Амстердам.
Оваа година вкупно четири компании од нашата земја се дел од националниот штанд како ко-изложувачи: Piksel, Hoyo Tech, Alternative System Integration и Inellipse.
Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Арбен Виља имаше неколку состаноци со водечки фирми од областа на технологија и медиуми кои се учесници на саемот.
IBC е највлијателниот светски медиумски и технолошки саем. Во 2019 година IBC привлече повеќе од 60.000 учесници од 150 земји ширум светот, каде изложуваат повеќе од 1.700 од клучните добавувачи на технологија во светот.
Поврзани артикли