Само во текот на оваа година, на Гренланд се истопило толку многу мраз што е доволно за глобалното ниво на морето да се подигне за повеќе милиметри.
Гренланд, огромната територија под мраз можеби повеќе нема да биде толку “ледена“. Оваа година се стопила огромна количина мраз, а научниците издаваат итно предупредување.
Експертите велат дека се изненадени од забрзаното топоње на мразот и стравуваат за градовите кои се наоѓаат на крајбрежјата ширум светот.
Еден глечер на југ од Гренланд се намалил за сто метри.
Зошто е важен Гренланд?
Неговата ледена покривка некогаш била со величина на седум Велика Британии и на некои места со дебелина од 2-3 километри. Таму се наоѓа толку многу замрзната вода што доколку сето тоа би се стопило тогаш нивото на морето би се подигнало за седум метри.
Никој не вели дека сето тоа ќе се случи за сто или илјада години, но дури и мала количина на топење која доаѓа во наредните децении може да биде закана за милиони луѓе кои живеат во подрачјата со мала надморска висина.
Иако Гренланд е оддалечен остров кој се простира од северот на Алтантикот далеку во Арктикот, неговата судбина може да има значење за влијаење на поплавите, а би можел дури и во целост да го промени изгледот на крајбрежјето и да ги натера тамошните жители да се иселат.
Еден од научниците кој што го проучува Гренланд е Џејсон Бокс од Геолошкиот институт во Данска и Гренланд и вели дека го нервираат потенцијалните опасности.
„Сега кога ќе почнам да ги разбирам последиците, тоа всушност ме држи буден навечер затоа што сфаќам колкаво е значењето на ова место во светот и животот кој веќе е погоден со порастот на нивото на морето“ – изјавил тој.
Колку се стопил Гренланд?
Сè до неодамна, количината на ледената покривка била балансирана. Количината снег која паѓа во текот на зимата била изедначена со количината мраз кој се топи во летото.
Минатата година имало малку повеќе мраз и тоа било релативно необично затоа што последните 30 години, деценија по деценија, Гренланд има навика да одбива сè повеќе мраз.
Во последните неколку години се стопиле неколку тони мраз. Тоа не звучи како многу, но во 2012-та година Гренланд изгубил околу 450 милијарди тони мраз, а оваа година се очекува да се случи истото, но може и повеќе.
„Тоа е веќе смртна пресуда за ледената покривка на Гренланд затоа што очекуваме температурите само да се искачуваат. Така што, ние го губиме Гренланд, прашањето е само колку брзо“ – изјавил Бокс.