Денес, во светот на автомобилите, се почесто се зборува за инчи отколку за „коњи“. Во Кина, тоа добро го знаат, па решиле да понудат модел кој со еден детал надминува сè што излегува од рамките на виденото
Станува збор за Byton, поточно M-Byte, а неговиот екран е најголем во светот. Овде екранот го зазема целиот кокпит. Првиот е сериски автомобил со дигитален кокпит од неверојатни 48 инчи. Моделот преминува во производство и ќе се нуди и во Европа.
Според плановите, кинескиот стартап планира првите примероци да ги понуди во половината од следната година прво на кинеската публика, а потоа еден месец и на европско тло. Првите нарачки во Европа ќе започнат да се примаат дури следната година.
Byton M-Byte во моментов се наоѓа во многу проблеми врзани со рокови. Фабриката „Нанџинг“ сè уште не е завршена, а веќе има добиено 50.000 резервации.
Извор: Додај Гас
Поврзани артикли