Новите iPhone 11, iPhone 11 Pro и iPhone 11 Pro Max се појавија во претпродажба во многу земји, а Apple ја почна својата видео кампања во која рекламира нови модели. Се појави реклама за iPhone 11 Pro, која укажува на некои клучни елементи.
Првата реклама се фоксуира на отпорноста и издржливоста на iPhone 11 Pro моделите. Сепак, ќе мораме да го почекаме тестот на JerryRigEverything каналот, за да видиме како телефонот ги издржува гребнатините и свиткувањето.
Второто видео во целост се фокусира на систем од три камери на задната страна на телефонот, со кој Apple конечно му се придружува на екосистемот на Android, кој повеќе од две камери имплементира во последната година (со исклучок на Google).