Компанијата Mozilla, која стои зад прелистувачот Firefox, отсекогаш била загрижена за приватноста на корисниците. Во последно време, станаа популарни услугите за виртуелни приватни мрежи (VPN) кои имаат многу предности во однос на несигурните и сомнителни мрежи.
Технологијата ја криптира врската помеѓу вас и спротивниот сервер, со што се спречува опасни напади од типот „Man-in-the-middle“ што може да се извршат на отворените Wi-Fi мрежи. Тие, исто така, помагаат и против следењето од различни рекламни мрежи и тракери, што понекогаш може да бидат досадни за корисниците.
Досега Opera беше единствениот популарен прелистувач кој нуди сличен вграден дополнителен додаток, но во фазата на тестирање веќе има таков додаток за Firefox.
Сепак, повеќето од овие услуги се плаќаат, но Firefox Private Network засега е бесплатна, иако тоа може да се промени во иднина.
Во моментов, услугата е достапна само за американски корисници.