Samsung Galaxy M10s се појави на Android Enterprise листата, откривајќи поголем екран и повеќе меморија во споредба со Galaxy M10 моделот. Galaxy M10s ќе има 6.4-инчен екран со AMOLED панел, а резолуцијата најверојатно е 720p+. Телефонот на задната страна ќе има сензор за отпечаток од прстот.
Geekbench укажува на побрз чипсет, Exynos 7885 Octa, кој е спарен со 3GB RAM и 32GB простор за складирање податоци. Побрзиот чипсет овозможува Game Tools со снимање на екранот. Листингот покажува дека M10s на задната страна ќе има широк и ултраширок сензор, а присутна е и Live Focus поддршка.
Се очекува дека батеријата од 4000mAh, а ќе има поддршка за брзо полнење. Дополнителните опции вклучуваат 3.5mm приклучок и FM радио. Слотот за картички прима две SIM картички и microSD за проширување за складирање на простор.
Поврзани артикли