Мистериозната пештера на “три ката“ со езера и река е пронајдена на островот Галиндез. Поларната пештера, која целосно е покриена со мраз и е долга 200 метри откриена е на Антарктикот.
Мистериозната пештера на “три ката“ со езера и река најдена е на островот Галиндез каде што се наоѓа базата на украинската експедиција (UAE). Било познато дека влезот на пештерата се наоѓа спроти крајбрежјето, но тој отвор бил блокиран кога глечерот паднал во океанот.
Меѓутоа, тимот пронашол друг влез во пештерата. Откриле дека пештерата е трипати поголема отколку што мислеле претходно.
На долнио кат на оваа величенствена пештера екипата пронашла смрзнато езеро и “џиновска кула“ која била висока како четирикатна зграда (12 метри), широка осум метри и долга 30 метри.
Извор: Telegraf.rs