Силна тридневна соларна бура наскоро ќе ја погоди Земјата (ВИДЕО)

Тридневна магнетна бура ќе ја погоди нашата планета кон крајот на септември, објави лабораторијата за астрономија на Институтот за физика на Руската академија на науките.

Соларната бура ќе почне на 27 септември, а ќе заврши на 29 септември. Во текот на првите два дена нарушувањето на магнетосферата на Земјата ќе биде посилно, категорија Г2, а третиот ден ќе ослабне интензитетот на соларната бура, тврдат од Институтот.

Соларни бури од категоријата Г2 влијаат на енергетските системи, на сателитските уреди и на радиобрановите со висока фреквенција.