Како од 0 до една од најплатените професии во IT светот?
Според истражувањето спроведено од страна на it.mk, девелоперите на мобилни апликации во Македонија земаат месечни примања со просек од 83.326 денари. Тоа е еден значаен показател дека индустријата на мобилни апликации е во подем и дека постои очигледен дефицит на стручен кадар во истата.
Во нашата земја постојат голем број на IT компании кои нудат вработувања во најразлични гранки од информатичкиот сектор, а во последно време најмногу расте побарувачката на iOS и Android девелопери кои развиваат апликации за мобилни уреди.
Во Македонија единствената Академија за изучување на iOS технологијата а воедно и начин за да се стане iOS девелопер е iOS Академијата на CodeWell и Семос Едукација.
“Со оваа програма, прва и единствена од овој тип во Македонија, ќе го затвориме кругот и празнината помеѓу она што IT компаниите го бараат и она што учесниците на Академијата го знаат и умеат да го испорачаат. Учесниците ќе можат самостојно да смислуваат иновативни решенија, а во исто време ќе бидат носители на процесот на градење комплетна и функционална iOS мобилна апликација. Покрај финалниот проект, учесниците ќе имаат неделни предизвици и проекти за време на програмата.”, изјави Мартин Анчевски, водечки инструктор на Академијата, еден од основачите на компанијата CodeWell и главниот технички експерт заслужен за спороведување на над 100 успешни проекти.
Но, зошто токму iOS програмирање?
- iOS програмер е една од најбараните професии на пазарот во денешно време. Многу е тешко да се најде кадар кој е правилно обучен и работи по светски стандарди и најнови технологии бидејќи тоа што го учат студентите на факултет во врска со iOS програмирањето е само гребење по површината на таа наука.
- Swift како програмски јазик е доста добар за почетници кои сакаат да научат програмирање. Насоките за програмирање во Swift произведуваат код кој е разбирлив, со помалку линии код кој е генерално побрз. Swift исто така има околина за учење на јазикот наречена Swift Playground која е практична за почетници.
- Преку изучување на iOS може да се прави редовна дополнување на знаењето и портфолиото со оглед на тоа што секојдневно се среќаваме со унапредување во технологијата
Ова се дел од искуствата кои ни ги пренесоа учесниците од втората генерација на iOS Академијата.
“Во текот на обуката изработувавме повеќе функционални апликации. По завршување на IOS Академијата продолжив да работам во Семос. На новата генерација им препорачувам да ја посетат IOS Академија за да се стекнат со знаење во сверата на Swift програмирање” – изјави Јован
“ Од секогаш сум сакал да програмирам и да работам нешто поврзано со програмирање но никогаш не знаев со кој програмски јазик да почнам, кога почнав да ги користам производите на Apple сфатив колку нивниот екосистем е перфектен и се одлучив да програмирам во јазикот кој го користат они “Swift”, истражував на интернет која компанија во Македонија да ја одберам и најдобри одговори добив за академијата на Семос едукација и Codewell. – додаде Ристо
“За време на обуката на академијата се здобив со одлично теоретско и практично знаење. Генерално, одлично искуство, многу сум задоволен и би ја препорачал на секој што сака да развива мобилни апликации на iOS платформата.” – порача Стефан
“Програмирањето од секогаш ме интересирало. IOS Aкадeмијата беше мојот избор од таа професија како нов почеток и ново искуство. По завршувањто на академија почнав со практична работа во CodeWell.” – заклучи Александар
Уписите за третата генерација на единствената iOS Академија се во тек, а повеќе информации за програмата, начинот на учење, можности за градење на нова и дефицитарна професија, заинтересираните можат да добијат на отворениот ден кој ќе се одржи на 25 септември со почеток во 17:30 во Codewell.