Privacy Internacional неодамна спроведе истражување кое ги опфаќа апликациите за следење на менструалниот циклус, а она што беше откриено веројатно на многумина нема да им се допадне. Откриено е дека апликациите со Facebook делат и низа интимни податоци, вклучувајќи ги и нивните сексуални навики. Помеѓу останатото, Facebook располага со информации за видот на контрацепција, времето на менструацијата и симптомите кои сте ги искусиле.
Откако беше спроведено истражувањето, само една апликација ја промени својата политика на приватност.
Овие апликации собираат прилично интимни податоци за корисниците, а тоа вклучува се од здравствената состојба, зачестеноста на сексуални односи, расположението, прехрамбени навики, па дури и одредени производи кои се користат. Во замена за овие информации, апликациите најчесто го нудат датумот кога жените се најплодни и времето кога пристигнува менструацијата.
Facebook влегува во приказната поради кориустење на нивната алатка која се нарекува SDK (Social Development Kit), а се работи за алат кои на апликациите им овозможува да заработуваат од рекламите, кои зависно од интересите на корисниците, се појавуваат на нивниот екран.
Period Tracker, Period Track Flo и Clue Period Tracker се најзигурни апликации, бидејќи податоците од корисниците не ги споделуваат со Facebook. Меѓутоа, Maya, MIA и My Period Tracker, прилично популарни апликации за следење на менструалниот циклус, го прават токму тоа.
– Раширеноста на овие апликации кои ги следевме, значи дека многу интимни детали за животите на милиони корисници делат со Facebook и огласувачите без директна согласност на корисниците, врзана токму за делењето информации за нивната здравствена состојба и сексуалните навики – порачува Privacy Internacional.