На интернет се појавија спецификациите на претстојниот смартфон на Huawei – Mate 30 Pro, кој се очекува да биде преставен на медиумски настан во Минхен на 19. септември.
Постојат гласини за необичните позиции на камерите и заоблениот екрам, но досега немаше информации за спецификациите. Листата на спецификации за моделот Mate 30 Pro сега е објавена на Twitter.
Откако на IFA саемот во Берлин беше претставен процесорот Kirin 990, следуваше протекување на спецификациите на моделот Mate 30 Pro.
Смартфонот ќе има 6,6 или 6,8-инчен FHD+ AMOLED Waterfall екран со резолуција 2400 х 1176 пиксели, батерија од 4.000 mAh, која ќе биде можно да се полни и по безжичен пат. Уредот има USB-C порт, екранот ја извршува и функцијата на звучник за уво, додека на дното се наоѓа моно звучник.
Од задната страна има четири камери, главна од 40 MP, широкоаголна од 40 MP, телефото камера од 8 MP со 3x оптички зум и оптичка стабилизација, како и ToF сензор. Поддршката на камерите им пружа и Xenon блиц, а тука е и сензорот за температура на боја. На предната страна е сместена селфи камера од 32 MP, ултраширока камера и ToF сензор.
Now is a good time for this?#HuaweiMate30Pro pic.twitter.com/rr6KniJzYP
— Teme (特米)? (@RODENT950) September 10, 2019
За сигурноста е задолжен Huawei Face id 2.0 системот, кој е побрз и посигурен, а присутни се и сензори за следење на работата на срцето и дишењето. Сензорот за отпечаток од прст е интегриран во екранот. Смартфонот ќе има 8 или 12 GB RAM и 128 или 512 GB интерна меморија.
Ќе се користи HiSilicon Kirin 990 5G процесор и оперативниот систем Android 10 со EMUI10.0 интерфејс. Треба да се истакне дека уредот поседува и физичко копче за вклучување и гаснење, слајдер осетлив на допир наменет за подесување на јачината на звукот и дека е отпорен на вода и прав според стандардот IP68.
Поврзани артикли