Заврши натпреварот на Huawei, InFocus Awards 2019 за мобилна фотографија и видеографија и објавени се најдобрите слики и видеа во шесте категории. Вкупниот број апликации за учество од сите земји во регионот е 123 478.
Големиот победник е дело од Чешка што навистина го импресионираше стручното жири. Се вика „Den kdy se mi narodila dcera“ (Денот кога се роди ќерка ми) и е во категоријата Storyboard. Ова е една од најтешките категории, дури и за искусни фотографи, а во неа авторите треба да преработат значајна и фасцинантна приказна во колаж со 9 рамки. Победникот ќе добие награда од 10,000 американски долари, моќен лаптоп Huawei Matebook 13, модерен смарт часовник Watch GT и ваучер од 250 американски долари од Trip Advisor.
Од сите 123.000 пријави на глобално ниво, повеќето доаѓаат од Турција, Литванија, Полска и Бугарија. Покрај огромниот број учесници на натпреварот, има голем број на регистрирани гласови за „Наградата на публиката“ – вкупно 718 068.
Натпреварот на Huawei има 5 категории посветени на мобилната фотографија – #Emotion Tag, Hello, Life!, Faces, Going the Distance, Storyboard и една категорија посветена на мобилната видеографија – Life Now.
Големиот победник
Големиот победник доаѓа од Чешка и се претстави како „Czech_photo“. Покрај големите награди, фотографијата на победникот ќе биде објавена за една недела на почетната страница на TripAdvisor во Шведска, Полска, Данска, Австрија, Норвешка, Финска, Чешка, Грција, Унгарија, Израел, Србија, Словачка и Турција. Истиот автор е победник со уште две фотографии и во категоријата #Emotion Tag и во Storyboard.
Големата награда
Категорија: Storyboard. Наслов: Денот кога се роди ќерка ми. Автор: Czech_photo. Држава: Чешка
Популарниот фотограф Инер Торун, кој беше дел од жирито, ја претстави фотографијата: „Главниот фокус на фотографијата се емоциите и големиот победник открива многу од нив. Од тоа да чекаш во ходниците на болницата, до љубовта при првата средба во рацете на мајката. Овој состав на фотографии навистина ги допре нашите срца “.
Наградата од публиката
Категорија: Going the distance. Наслов: Fairy tale morning in Bucovina (Утринска приказна во Буковина). Автор: Дан Михаи Баланеску Држава: Романија
Фотографијата „Fairy tale morning in Bucovina“ претставува едно од најубавите места во Романија. Фотографијата е на Дан Михаи Баланеску и отсликува прекрасно зајдисонце над источните Карпати. Авторот ќе добие Huawei P30 Pro и Watch GT. Фотографијата е рангирана на третото место во категоријата Going the distance.
Победници во 6 категории
Жирито, исто така, ги определи победниците во сите 6 категории. Тие ќе добијат 2000 евра, Huawei Matebook 13, Watch GT, Huawei P30 Pro и ваучер од Trip Advisor. Второпласираните места во секоја категорија добиваат Huawei P30 Pro, а финалистите на третото место добиваат Huawei P30.
#Emotion Tag
Во категоријата #Emotion Tag, авторите мораа да ги фатат спонтаните емоции на своите фотографски теми. Подолу можете да ги видите сите победници во категоријата:
Прва награда
Наслов: Cesta za snem… (Пат кон копнежот). Автор: Czech_photo. Држава: Чешка
Втора награда
Наслов: Togetherness (Сплотеност). Автор: irimia.andra. Држава: Романија
Трето место
Наслов: Sister Love (Сестринска љубов). Автор: Gevatelem. Држава: Израел.
Faces
Во категоријата Faces се вбројуваат најдобрите портрети. Еве ги победниците:
Прво место
Наслов: “Myśli… duma… może marzy?” (Мисли… гордост… можеби сонува?)
Автор: Slodkisoschili
Држава: Полска
Второ место
Наслов: Usta (Мајстор)
Автор: Adem Ağuş
Држава: Турција
Трето место
Наслов: Sousedky (Соседи)
Автор: Milan Škop
Држава: Чешка
Hello, Life!
Hello, Life! ги предизвикува уметниците да најдат убавина во секојдневните ситуации. Еве ги победниците:
Прво место
Наслов: Rainbow estate
Автор: ibreakphotos
Држава: Хрватска
Второ место
Наслов: Surfer (Сурфер)
Автор: SAGITTA
Држава: Хрватска
Трето место
Наслов: Going commando
Автор: alexandru.popa
Држава: Романија
Storyboard
Категоријата во која авторите треба да преработат значајна и волшебна приказна во колаж од 9 рамки. Еве ги луѓето што ги освоија наградите во оваа категорија:
Прво место
Наслов: Výlov Jaroslavického rybníka (Лов на езерото)
Автор: Czech_photo
Држава: Чешка
Второ место
Наслов: Live music being born (Музиката во живо се раѓа)
Автор: Danyhella
Држава: Чешка
Трето место
Наслов: Game Of Drone
Автор: storyinmyeyes
Going the Distance
Going the Distance е категорија наменета за љубителите на патувања и убавите места. Еве неколку фотографии кои го воодушевија жирито:
Прво место
Наслов: Empty stadium 1 (Празен стадион)
Автор: Mara Ciubotaru
Држава: Романија
Второ место
Наслов: Spring of Life / Tree of Hope
Автор: Acinom
Држава: Романија
Трето место
Наслов: Fairy tale morning in Bucovina
Автор: Дан Михаи Баланеску
Држава: Романија
Life Now
Видео категоријата Life Now им овозможува на љубителите на видео да влезат во видео трката од 30 секунди, што треба да го импресионира професионалното жири. Еве ги победниците:
Прво место
Наслов: The best moments of life
Автор: Ivan Sholudko
Држава: Украина
Погледнете го видеото: https://campaign.consumer.huawei.com/infocusawards/eu/view/71966
Второ место
Наслов: In Clouds
Автор: Bartosz Chmielewski
Држава: Полска
Погледнете го видеото: https://campaign.consumer.huawei.com/infocusawards/eu/view/54809
Трето место
Наслов: Gün batımı ve gece ışıkları (Зајдисонце и ноќните светлини)
Автор: Aysun Şahin
Држава: Турција
Погледнете го видеото: https://campaign.consumer.huawei.com/infocusawards/eu/view/26644
Тешкиот избор
Панелот на експерти, кои работеа во тешкиот избор на сите победници во различните категории, се состои од: Yanmin Wang, претседател на Huawei Consumer Business Group Huawei CEE & Nordic, Marcin Tyszka, полски моден фотограф кој работи со Marie Claire, Harper’s Bazaar, Glamour, Elle, Vogue, Nikolaj Thaning Rentzmann, дански фотограф, познат по sвездените портрети и пејзажи на социјалните мрежи, Ema Svensson, шведска фотографка која патува низ целиот свет во потрага по најдобрите луѓе, Yener Torun, архитект и фотограф што ги трансформира урбаните опкружувања со својата боја во апстрактни геометриски решенија и VuThéara Kham, француски фотограф со потекло од Камбоџа кој живее во Париз.
Поглед насочен кон развој на мобилната фотографија и видеографија
Натпреварот Huawei InFocus Awards докажува дека одлична фотографија може да се направи без специјализирана опрема за фотографирање. Со својата P серија на паметни телефони и најновиот Huawei P30 Pro, компанијата е во срцето на развојот на мобилната фотографија, што ни овозможува да снимаме одлични снимки во секој момент.
Поврзани артикли