Дизајнот на новите iPhone ја поттикнува трипофобијата кај луѓето кои страдаат од ова нарушување. iPhone 11 Pro и iPhone 11 Pro Max на задната страна имаат три камери со 4х оптички зум. Но, проблемот е во тоа како камерите се распоредени.
Имено, луѓето кои страдаат од трипофобија всушност се плашат од многу дупки на исто место, како на пример кај пчеларникот. Такви површини едноставно им предизвикуваат непријатности и тие не можат да ги гледаат. А, трите камери на новиот iPhone имаат токму таков облик.
„iPhone 11 треба да оди со предупредување за трипофобија”, „Ако купите ваков мобилен, немојте да ми го покажувате”, „Трипофобијата постои, а новиот iPhone ја поттикнува”, „Нема да можам да живеам ако луѓето околу мене шетаат со ваков мобилен” – се само дел од коментарите на интернет.
Првото научно истражување за оваа фобија е објавено 2013 година во списанието Psychological Science. Научниците ја објаснуваат како еволуциска последица и таквите слики кај некои луѓе предизвикуваат страв, можеби затоа што визуелните карактеристики тука ги потсеќаат на некои отровни организми, на пример змии или пајаци.