Претставена програмата на 12. издание на Викенд Медиа Фестивал

Дванаесеттото издание на најголемиот комуникациски фестивал во Регионот ќе биде одбележано со повеќе од 150 предавачи и панелисти, пет паралелни сали и прв Викенд Мастерклас во Гранд Парк Хотелот во Ровињ во рамки на тродневната богата фестивалска програма. Во рамки на Викенд Медиа Фестивалот во Ровињ, кој се одржува под покровителство на Адрис Групацијата во период од 19. до 22. септември, се очекуваат преку 5.000 учесници од сите земји од Регионот.

Фестивалот ќе го отвори легендарниот предводник на “TAG Heuer“ и “Hublot“, Жан Клод-Бивер кој во четврток, 19 септември, во 11 часот, ќе го одржи Викенд Мастерклас предавањето во најпрестижниот хрватски хотел – Гранд Парк Хотел во Ровињ и ќе ја открие тајната на раководењето со луксузни, премиум брендови.

Најпознатите личности од Балканската музичка сцена – Северина, Тончи Хуљиќ, Стефан Џуриќ Раста и Реља Миланковиќ Рексона на панелот Кој таму пее? – Нов бран музички трендови во Регионот ќе дискутираат за големата популарност на новите музички жанрови и влијанието на дигиталните платформи врз овие трендови во музиката.

На панел дискусијата Сите луѓе на Претседателот, која на едно место ќе ги собере водечките новинари и професионалци од областа на Односите со Јавност, ќе се дискутира за начинот на комуникација на нашите политичари. Воедно, ќе биде прогласен и најдобриот политички ПР професионалец кој, во независно истражување на агенцијата Ипсос, го одбраа новинарите кои ја следат работата на Владата и институциите. За политичките комуникациски грешки ќе се разговара во рамки на панелот Секс, лаги и недвижнини, а уредниците на некои од најголемите медиуми ќе дискутираат зошто се намалува довербата во медиумите и кои се последиците врз општеството.

На Викенд Медиа Фестивал исто така ќе се дискутира и за голем број актуелни теми кои се однесуваат на деловното опкружување во Регионот. Како во услови на хистерија кога сите сакаат да отидат да работат во странство да ги задржите најдобрите вработени и да создадете опкружување кое ќе ги привлече најдобрите таленти е една од темите која привлекува многу внимание. Вовед во панелот Како да ги задржите најдобрите кога сите сакаат да си отидат?, која ќе ги обедини водечките стручни лица од областа на Човечките ресурси, ќе биде презентација на истражување ексклузивно спроведено за потребите на Викенд Медиа Фестивал, од страна на агенцијата Хендал, за најдобрата пракса на хрватските компании кои успешно се соочуваат со хроничниот недостаток на вработени.

Од темите на кои ќе се дискутира за состојбата на ТВ пазарот ќе се истакне Храбар Нов Свет: Како ќе се трансформира светот на телевизијата? во чии рамки водечките “играчи“ ќе ги изнесат своите мислења како ќе се развиваат регионалните телевизии и содржинскиот еко состав. Во рамки на Викендот ќе стане збор и за тоа зошто глобалната ТВ продукција се повеќе го одбира Регионот за снимање на најпознатите серии и филмови и што мора да направиме за од ова да создадеме сериозен бизнис?

Низа предавања и дискусии ќе бидат посветени на дигитални теми, од кои издвојуваме панел дискусија за вештачка интелигенција за која се прашуваме дали претставува опасност за животот на човекот на кој денес сме навикнати. Предавање за тоа како напредокот и еволуцијата на туризмот создава голем број можности за стручните лица од секторот Маркетинг  и Комуникации ќе одржи познатиот шпански стручњак Еулохио Бордас (Eulogio Bordas).

Директорот на Програмата на Викенд Медиа Фестивал, г-дин Никола Врдољак нагласи: “Викенд Медиа Фестивал и оваа година ќе ги обедини најрелевантните стручни лица од Регионот кои ќе дискутираат за случувањата кои ја обележија изминатата година и трендовите кои ги очекуваме во следниот период. Оваа година доминираат теми од ТВ бизнисот, креирањето содржини, новинарството, како и низа актуелни деловни теми со кои во различен облик се среќаваат комуникациските и бизнис професионалците во сите земји од Регионот. Стручни лица од странство со нас ќе споделат знаење и пракса од најразвиените земји од Европа и Америка.“

Говорници кои не смеете да ги пропуштите

Предавачите кои пристигнуваат во Ровињ се предводени од Сара Фишер (Sara Fischer)од Аксиос (Axios) која ќе раскаже зошто американскиот Претседател Трамп го почнува денот со твит во кој ја “прозива“ нејзината медиумска куќа и како успеала нејзиниот весник да е секојдневно четиво за медиумските професионалци ширум светот. Сара Маршал (Sarah Marshall) од Вог (Vogue) ќе објасни како овој легендарен магазин успеал да се трансформира и како Вог ја придобива публиката преку длабоко размислување за нејзините потреби. На Фестивалот пристигнува и Рена Ефенди (Rena Effendi), наградуван фотограф од Нешнал Географик (National Goeograph), која кариерата ја има изградено преку инспиративни приказни за животот на малите луѓе ширум светот доловени преку фото објективот. Ранко Рајовиќ (Ranko Rajović) на предавањето Децата и дигиталното доба: Како преку игра да ја развиете интелигенцијата кај децата? овозможено од Хуавеи ќе раскажува за воспитувањето на децата во модерното доба, додека Пит Радович (Pete Radovich), добитник на 37 Еми награди, ќе ги сподели своите искуства за работа под притисок и ќе објасни како со сноси со секојдневните стресни ситуации.

Глобалните маркетинг лидери ќе бидат предводени од Јорг Риоми (Jörg Riommi) од Публицис Групацијата и ЕјЏеј Којни (AJ Coyne) од ББДО Австралија. Покрај предавањата и панелите во рамки на Викенд Медиа Фестивал, учесниците ќе имаат можност да бидат дел и од голем број работилници од кои можеме да издвоиме ги издвоиме оние посветени на тоа како добро да фотографирате со мобилен телефон и како функционира форматираното радио.

Покрај одличните предавања и панели, Викенд Медиа Фестивал е познат и како место за најдобрите забави со кои го означуваме крајот на летото. Големиот број на артисти оваа година е предводен од Лет3, Дискобајаги, Електрични Оргазам и Пилоти. Покрај нив,  на паралелни сцени, ќе настапат и најдобрите ДЏ-и од Хрватска и Регионот.изјави Томо Рицов, Директор на Викенд Медиа Фестивал

На овогодинешниот Викенд, со посебна панел дискусија и забавна програма ќе се претстави и Ријека, како прв хрватски град кој идната година ќе ја носи титулата Европска престолнина на културата.  Ирена Крегар Шегота, Директорка за Партнерства и Комуникација во проектот Европска престолнина на култура Ријека 2020, претстави што ги очекува учесниците во Фестивалот.

Локацијата на Викенд Медиа Фестивал и оваа година ќе понуди голем број новитети – од различни изложби, претставување книги, па се до посебно осмислен “Kids corner“ и часови за јога на Монте Мулини плажата. Веќе со години Викенд Медиа Фестивал “размислува“ зелено, а оваа година сите пластични чаши ќе ги замени со посебно дизајнирани чаши кои може да се измијат, наменети за повеќекратна употреба. Со особено нетрпение ја очекуваме “BalCannes“ ревијата на најдобри креативни трудови од целиот регион, како и “SoMo Borac“ во чии рамки ќе бидат наградени најдобрите дигитални трудови за кои оваа година имаше рекордни 130 пријави.