Фјодор го извлекуваат од вселенскиот брод „Сојуз“ (ВИДЕО)

Роботот „Фјодор“ објави снимка на која се гледа како го вадат од капсулата на вселенскиот брод „Сојуз“ по враќањето од Меѓународната вселенска станица.

„Фјодор“ објави видеоснимка на „Твитер“ со следниот коментар: „Се вратив во градот Корољов заедно со капсулата на вселенскиот брод“.

На снимката се гледа како стручњаци на Ракетно-космичката корпорација „Енергија“ со помош на кран внимателно го извлекуваат роботот од капсулата на вселенскиот брод „Сојуз МС-14“.

Подоцна „Фјодор“ соопшти дека го спакувале во кутија.

„Сега сум во куфер. Чекам инструкции за понатамошна проверка на извршениот лет“, истакна тој.

Творци на антропоморфниот робот „Фјодор“ се Фондот за перспективни истражувања и научно-производствената корпорација „Андроиднаја техника“.

„Сојуз МС-14“ со робот во пилотската кабина беше лансиран во орбитата на 22 август. По пет дена вселенскиот брод по вториот обид се спои со Меѓународната вселенска станица. „Сојуз“ се одвои од станицата на 6 септември и слета во Казахстан следниот ден.

Експериментот со роботот на Меѓународната вселенска станица го вршеа космонаутите Алексеј Овчинин и Александар Скворцов на 30 и 31 август, а исто така и на 1 септември. Планиран е уште еден лет на овој робот во новиот вселенски брод „Орел“, а исто така и неговото излегување во отворена вселена.

Извор: Russia Beyond