Вчера, две италијански неонацистички групи и некои нивни членови беа блокирани на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“ затоа што го прекршиле правилото да не се шири омраза, соопшти „Фејсбук“, кој исто така е сопственик на „Инстаграм“.
Блокирани се сметките на групите „Казапаунд“ и „Форца нова“ кои застапуваат екстремно десничарски идеологии, а кои ги зајакнуваат своите профили во Италија со водење на антиимигрантски кампањи, пренесува „Ројтерс“.
Лидерот на групата Казапаунд, Симоне ди Стефано, ја осуди одлуката, велејќи дека станува збор за кршење на италијанскиот закон.
Поддржувачите на двете групи денес протестираа пред парламентот барајќи предвремени избори, од кои некои беа снимени како ги кревааат рацете во нацистички поздрав.