Заборавете на Apple и неговата кредитна картичка за која сите зборуваат овие денови. Овој нов начин на плаќање кој е најавен од компанијата Amazon, од вас ќе бара да имате само едно – вашата рака, поточно дланка.
Уште откако постои, Amazon прво го наруши малопродажниот пазар, со тоа што беше еден од првите кој понуди онлајн купување. Во поново време компанијата, исто така се обиде да ја наруши индустријата на супермаркети со своите продавници Amazon Go, во кои не постои каса, туку само сензори кои откриваат што сте земале и наплатуваат преку Amazon сметката на клиентот.
Медиумите пренесуваат дека компанијата ги користи своите вработени во Њујорк како “заморчиња”, инсталирајки систем на автоматите за продажба на чипсови, газирани пијалоци и полначи за телефони.
За разлика од повеќето биометриски системи кои бараат да ја допрете површината на скенерот, кај верзијата на Amazon оваа технологија не е потребно физички да допрете било кој уред. Компанијата користи технологија на компјутерски вид и геометрија за идентификување големина и форма на вашата дланка пред да ги отстрани парите од кредитна картичка која ја имате и која претходно сте ја поврзале со сметката на Amazon.
Во компанијата се надеваат дека на почетокот од следната година ќе ја претстават технологијата во неколку свои продавници на Whole Foods.
Извор: PC Press.rs
Поврзани артикли