Volkswagen го предизвикува минатото за да ја обликува сопствената иднина. Тоа е „новото“ лого на германски бренд.
Во предвечерието на Салонот за автомобили во Франкфурт, VW премиерно го претстави новиот дводимензионален амблем, кој е замена за тродимензионалното лого воведено уште во 2000 година, и кое го красеа две нијанси – сина и сребрена боја.
„Новиот дизајн на амблемот на марката означува почеток на нова ера за Volkswagen“, вели Јирген Стакман, член на управниот одбор на VW. „Со форумирање на нови содржини и нови производи, марката минува низ процес на фундаментална трансформација кон иднината која носи транспорт за сите без штетни емисии. Сега е добро време за нов пристап на нашиот бренд кој би бил видлив за сите во надворешниот свет“.
Новото лого е едноставно, суптилно, но во исто време уникатно. Не само што, како такво, ја отфрла 3Д-логиката на амблемот во заминување, тоа претставува и прва асиметрична итерација на култниот симбол на марката. Буквата „W“ во симболот „VW“ не го допира надворешниот круг и ова е првпат во историјата. Покрај намалувањето на големината на основните елементи, компанијата сугерира дека новото лого е исклучително флексибилно во однос на употребливоста.
Ревидираното лого дебитира на хаубата на новиот електричен хечбек, моделот ID.3, и да, за прв пат е осветлено. Идеолошкиот наследник на култниот Buggy, моделот ID.3 нуди 550 километри автономија, а во продажба во Европа влегува веднаш по стартот на производството во ноември. Производителот вели дека веќе има над 30.000 нарачки.
Извор: Додај Гас