Американски сојузни држави поведуваат истрага против Google

Голема група американски држави предводени од Тексас најавуваат истрага за пазарната моќ на „Гугл“ и дали таа компанија неправедно ја потиснува конкуренцијата и им нанесува штета на потрошувачите.

Тоа го изјави генералниот јавен обвинител во Тексас, Кен Пактон, на прес-конференција во Вашингтон.

Најавата доаѓа по само неколку дена откако група држави објавија истрага за доминацијата на „Фејсбук“ на пазарот

Матичната компанија на „Гугл“, „Алфабет“, има пазарна вредност од повеќе од 820 милијарди американски долари и контролира толку многу аспекти на интернет, што е неможно да се „сурфа“ долго време без да се наиде на барем еден од нејзините сервиси.