Gmail со вештачка интелекција ќе ги корегира грешките во мејловите

Нова функција со вештачки интелект (В) ќе му овозможи на Gmail, најпопуларната услуга за е-пошта, автоматски да ги корегира грешките во преписката на корисниците, објави Gizmodo.

Откако ќе напишат мејл, корисниците обично го читаат текстот за да ги детектираат и исправат грешките во пишување и граматика. За да се поедностави процесот на интеракција со Gmail, развивачите на Google имаат интегрирано корекција на правопис и граматиката, што работи автоматски.

Новата функција во Gmail работи слично на проверката на правопис и граматика што се појави во Google Docs во февруари годинава. Како што пишувате, системот анализира што е напишано, а потоа ги потенцира вообичаените граматички и правописни грешки со сини и црвени брановидни линии.

За да ја прифати корекцијата, корисникот едноставно мора да кликне на означениот збор. Покрај тоа, поправените зборови исто така ќе бидат обележани така што корисникот може да ги врати промените доколку е потребно.

Функцијата за корекција на грешки работи врз основа на ВИ технологија со машинско учење, што му помага да ги идентификува не само вообичаените грешки, туку и да биде корисна алатка во посложени случаи.