Државната служба за надзор на комуникациите на Русија, Роскомнадзор, објави дека технолошките гиганти Facebook и Google дозволиле да бидат објавени политички реклами за време на регионалните избори што се одржуваат денеска, и покрај барањето ваквите реклами да бидат забранети.
„Ваквите активности може да се сметаат како мешање во руските прашања и спречување на спроведување демократски избори во Руската Федерација“, објави Роскомнадзор на својата веб-страница.
Роскомнадзор во петокот побара од Facebook и Google да забранат политички реклами во сабота и недела за да се овозможи изборите да бидат во согласност со руските закони.