Министерството за здравство на Русија со океанолозите и Руската академија на науки работи на нови пристапи кон лекувањето онколошки заболувања. Проектот се заснова на особината на длабоководните риби да не заболуваат од рак.
Министерката за здравство на Русија Вероника Скворцова на маргините на Источниот економски форум во интервју за руските медиуми истакна дека длабоководните риби не страдаат од онколошки заболувања. Таа објасни дека некои животни од океанот на ниво на генетика немаат можност да заболат од карцином.
„Во океанот постојат потполно нови видови антибиотици кои се во суштина алтернатива на традиционалните антибиотици. Се отвораат огромни можности“, рече Скворцова која истакна дека Тихиот океан е преполн со биоактивни супстанци кои произведуваат„ различни живи билки, длабоководни риби“.
Освен тоа, според министерката, во округ на Далекоисточниот федерален округ ќе бидат основани центри за нуклеарна медицина, меѓу другото, на островот Руски и во Хабаровскиот крај.
Извор: Russia Beyond