Централната Банка на Кина работи на развојот на сопствена криптовалута, пренесува Би-би-си.
Она што е интересно е дека владата вели дека дигиталната валута на Кина ќе биде многу слична со Либра на „Фејсбук“.
Кинеската криптовалута ќе може да се користи низ целата земја, а потрошувачите ќе можат да ја користат за плаќања на големите платформи за мобилно плаќање, како Alipay и WeChat, соопшти директорот на Народната банка на Кина, Му Чангчун.
Тој додава дека целта е токените за овие дигитални валути да бидат безбедни како банкнотите издадени од централната банка, а истите да може да се користат и без интернет конекција.
„Фејсбук“ во јуни најави дека планира да ја пушти за употреба својата валута, но наиде на остри критики од регулаторните тела, како и голем број банки и политичари, кои стравуваат дека истата ќе биде тешка да се регулира.