Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Од каде најчесто се информирате?“, над половина од анкетираните, 56,5 отсто, одговориле дека актуелните новости ги дознаваат од интернет-порталите.
По нив, 31,8 процент од анкетираните како извор на информации ги навеле социјалните мрежи.
Според анкетата, ова се двата најдоминантни начина на информирање кај населението, а потоа следуваат телевизијата, од каде што се информираат 6 отсто од испитаниците, печатените медиуми со 3,4 проценти и радиото со 2,3 отсто како најнепопуларен канал за информирање.
Анкетата беше спроведена на 17 веб-страници, а почна на 5 септември во 12 часот и траеше 24 часа.
Од вкупно 2.394 анкетирани, според податоците на истражувачкиот центар на „Макфакс“, поголемиот повеќето (63,7 проценти) биле мажи. Над 80 отсто од анкетираните гласале од Македонија.