Доаѓањето на есента значи пристигнување на нови производи на Apple, а еден од нив, покрај iPhone и iPad е целосно неочекуван – очила со проширена реалност (AR), открива MacRumors.
Извршниот директор на Apple, Тим Кук веќе претходно откри дека AR е една од зацртаните цели на компанијата, која во следниот период планира да ја достигне. Но, AR всушност не е ништо ново во светот на технологијата.
Веќе многу игри се засновани на оваа технологија. Дури и другите компании како IKEA и American Airlines во своите апликации го користат AR Kit на Apple, за да ги искористат предностите на технологијата.
Необично е притоа што технологијата ќе се примени на очилата, што според пишувањето на порталот Inc.com, не е работа за која купувачите се посебно загреани. Како доказ за тоа тврдење ги наведуваат Google Glass, кој се уште постои, но не е на пазарот.
iOS 13 Code Suggests Apple Testing AR Headset With ‘StarBoard’ Mode, ‘Garta’ Codename, and More https://t.co/9EE9GOO7B8 by @rsgnl pic.twitter.com/Mzfdqvk5vO
— MacRumors.com (@MacRumors) September 2, 2019
Apple и Google се, меѓутоа, целосно различни компании. Apple знае како да направи хардвер, нешто во што Google никогаш посебно не се истакнувал. Покрај тоа, нивната фокусираност на создавање неверојатни кориснички искуства е добра погодност за развој на технологијата.
Но, ќе биде интересно да се види каква компјутерска сила Apple може да вгради во очилата. Некои шпекулации укажуваат дека би можеле да го следат патот на Apple Watch. Како и да е, има многу причини зошто AR очилата би можеле да бидат навистина одличен производ.