Google ја отвори сезоната на лов на безбедносни пропусти и злонамерни апликации
Програмата за награди отсега ги вклучува сите апликации што се наоѓаат на Google Play.
Во поплавата од безбедносни пропусти и апликации за Андроид што кријат малициозен софтвер, вируси и други несакани “гости“, во Google сфатија дека против ваквите феномени не можат да се борат сами.
Затоа, оттаму најавија измени во нивната Google Play Security програма за наградување.
Во низата измени, можеби најважната е дека ќе се доделуваат награди и за апликации кои не се направени од Google, а тоа значи дека програмата отсега ги вклучува сите апликации што се наоѓаат на Google Play и имаат 100 милиони (или повеќе) инсталации.
Притоа, Google ќе му плати на хакерот кој ќе открие ранливост или злонамерен код и ќе помогне да се открие за што е одговорен авторот на апликацијата.
Сепак, ако авторот на апликацијата има своја програма за награда, хакерот ќе може да ја земе и таа награда, покрај таа на Google.
Google нема точен ценовник за наградата и истата зависи од самиот случај. Но, како што посочуваат одтаму, за откривање на некој пропуст хакерите ќе може да заработат до 50.000 долари.
Извор: Zimo.hr