Поминаа само неколку дена откако кинеската компанија Momo ја објави „deep fake“ апликацијата ZAO на Appstore, која веќе стана сензација.
Основната идеја зад апликацијата е едноставна – снимете го своето лице, предајте му го на ZAO, кој ќе го вклучи во популарните филмски класици, вклучително и извадоци од филмот со Мерлин Монро и Леонардо ди Каприо.
Апликацијата, исто така претставува загриженост за приватноста, бидејќи договорот за лиценца на апликацијата вели дека корисникот се откажува од сите права на фотографијата која ја доставил во корист на Momo, и не е во можност да се откаже од таквиот договор.
Сепак, Momo веќе го измени договорот за лиценца така што повеќе не ги содржи спорните членови.
Случајот потсетува на FaceApp, каде што апликацијата се менува (остарува или подмладува) лице на корисникот, а е во сопственост на руска компанија.
Извор: SEEBiz
Поврзани артикли