Добри вести се дека iPhone 11 пристигнува наскоро. Лоши се дека поради тоа драстично ќе падне вредноста на постоечките уреди.
Сега, кога Apple и официјално потврди кога доаѓа новиот iPhone, со оваа вест пристигнуваат и некои не толку позитивни информации.
Поточно, претставувањето на новите смартфони на Apple неминовно ќе ја намали вредноста на постоечките.
Decluttr, сајт за откупување и продажба на половни телефони, ги откри резултатитѕе на својата годишна листа, која следи колку паѓа вредноста на уредите, а податоците покажуваат дека сегашните iPhone модели ќе загубат околу 30 проценти од својата вредност само 24 часа по претставувањето на новите модели.
Судејќи според сајтот, вредноста на старите генерации на iPhone ќе падне за најмалку 40 проценти во текот на првиот месец од претставувањето на iPhone 11.
Потоа, вредноста ќе се стабилизира, но ќе продолжи да паѓа за 1 процент секој месец.
Погледнете колку останатите iPhone модели загубија на вредност на датумот на нивното претставување:
iPhone 7 загуби 81% вредност
iPhone 8 загуби 65% вредност
iPhone 8+ загуби 61% вредност
iPhone X загуби 59% вредност
iPhone XS загуби 49% вредност
iPhone XR загуби 43% вредност
Поврзани артикли