Интернет-страницата за видео за возрасни „Pornhub“ сними филм (за возрасни) на плажа полна со пластичен отпад. Идејата беше да се крене свеста за начинот на кој ја уништуваме планетата.
Секој пат кога ќе се погледне филмот (клипот) наречен „Dirtiest Porn Ever“, Pornhub ќе направи донација за Ocean Polymers, непрофитна организација која планира да лансира брод за да го собере и преработи пластичниот отпад од морињата.
„Ние сме валкани тука во Pornhub, но тоа не значи дека такви треба да бидат и нашите плажи“, објасни Кори Прајс, потпретседател на компанијата.