Парижаните со моќни автомобили наскоро можеби ќе мораат да припазат кога ќе посакаат да го турираат гасот. Во одредени делови од градот во тек е тестирање на “звучен радар”, систем кој е во состојба да идентификува автомобили кои се премногу бучни, за евентуално да им се изречат казни.
Системот користи четири микрофони преку кои се врши триангулација на изворот на звукот. Тој е поврзан со камери за следење на сообраќајот, преку кои се извршува идентификација на возила, што би можело да се искористи и за подоцнежно автоматизирано испраќање на казни.
Засега во употреба се 40 уреди, поставени во туристичките зони на Париз, како и околу 17 јавни згради. Тест периоодт ќе трае две години и во тој период никој нема да биде казнет. Моментно во фокусот е тестирање на доверливоста на технологијата, а собраните податоци ќе се искористат за анализа и одлучување колкаво ниво на врева би можело да биде подложно на казнување. Властите во Париз на ваков индиректен начин сакаат да им порачаат на сограѓаните дека е време да размислуваат за електрични возуила – со нив, дури и под гас до даска, нема да има грижа за нивото на вревата.
Поврзани артикли