Инженерите што работат на новиот америнкански „ровер“, кој ќе биде испратен на Марс, работеа на својот најнов и можеби највозбудлив експеримент и му вградија хеликоптер.
Минијатурниот хеликоптер го нарекоа бонус за мисијата во 2020 година, пренесува Би-би-си.
Ова е првото летало од ваков тип, кое е наменето за друга планета. Ако се открие дека функционира, би било неверојатно – но дури и да се резултатите спротивни, тоа нема во никој случај негативно да се одрази врз целите на НАСА.
Новиот Марс-ровер е речиси идентична копија на возилото „Кјуриосити“, кое успешно беше испратено на Марс во кратерот Гејл во 2012.
Новата мисија е насочена кон друг таргет, односно кратерот Џезеро, со ширина од 50 километри.
Инженерите работат на последните детали на возилото во лабораториите на НАСА во Калифорнија.