Паметните телефони на Apple отсекогаш биле посигурни од уредите кои користат Android. Сепак, тоа не значи дека iPhone-от не може да стане жртва на хакери, но процесот е многу покомплициран.
Експертите за безбедност на Google сега известуваат за закана што ги става корисниците на iPhone во голем ризик. Уште понепријатен е фактот што проблемот е активен најмалку две години и веќе се користи за напад на уреди со iOS.
Google тврди дека оваа ранливост влијае на сите верзии на iPhone, вклучувајќи ги и најновите модели. Единствено штo хакерите сакаат е корисниците да ја отворат малициозната веб-страница што им ја даваат. Инфицираните уреди потоа се поврзуваат со оддалечен сервер од кој се одвива нападот, пренесува Forbes. Изненадувачкото тука не е во ранливоста на iPhone-от, туку во фактот дека компанијата толку долго не се справила со проблемот.
Поврзани артикли