Huawei нема да ја промени својата стратегија и ќе ја лансира следната серија на паметни телефони со висок квалитет на европскиот пазар. Ова ќе се случи и покрај неизвесноста за постојаната лиценца за Android и пристап до апликациите на Google, пишува Digital.bg

Вториот најголем производител во мобилната индустрија се очекува да ги претстави Huawei Mate 30 и Mate 30 Pro на специјален настан на 19 септември. Нивната продажба на пазарот најверојатно ќе започне веднаш по премиерата.

И покрај обидите на компанијата даги реши односите со американската влада, се чини дека проблемите за Huawei продолжуваат. Reuters тврди дека портпарол на Google потврдил оти Huawei Mate 30 нема да има пристап до екосистемот на нивните апликации и соодветно на Android.

Проблемот е во тоа што станува збор за еден нов хардверски производ кој не ги исполнува барањата за добивање на 90-дневната лиценца за привремена работа. Сепак, во ситуацијава интересно е тоа што Google повеќепати најави дека сака да го продолжи своето партнерство со кинескиот технолошки гигант.