Брендот AORUS штотуку го објави својот најнов лаптоп AORUS 17, кој е преполн со најновите функционалности и технологии, вклучувајќи ги и GPU GeForce RTX и 240Hz дисплеј.
AORUS 17 го користи новиот 8C/16T процесор на Intel во облик Core i9-9980HK, како и дополнителни „All Intel Inside“ елементи. Тоа вклучува Intel 760 SSD, Intel-based Killer AX1650 Wi-Fi и Thundrbolt 3. Има и RAM меморија до 64 GB.
Nvidia има обезбедено опции за графички картички RTX 2060, RTX 2070 и RTX 2080 па така корисниците ќе можат да добијат 240FPS во е-спортови без никакви проблеми. Исто така е можно да се пуштаат и игри со RTX.
Gigabyte исто така вклучи и премиум тастатура и аудио искуство преку ESS Saber Hi-Fi DAC чипот, кој поддржува до 24-bit/192kHz.
Gigabyte AORUS 17 не би бил лаптоп за 2019 година доколку нема поддршка за АИ. Затоа, овој модел е окарактеризиран како прв светски АИ гејминг лаптоп.
Новите лаптопи AORUS 17 ќе се најдат на пазарот од септември.